(Видео) Сите не смееше, а умре сам во дом за стари, а какви се Хелга и Ивет - Екипата од „Ало, ало“ после 40 години
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/2/22 9:14 AM

(Видео) Сите не смееше, а умре сам во дом за стари, а какви се Хелга и Ивет – Екипата од „Ало, ало“ после 40 години

Приказната за еден швареџија,  сопственик на кафуле, кој води двоен живот како лидер на отпорот, го започна својот живот во 1982 година.

Рене, Мадам Едит, Ивет, Мими, Леклерк, Грубер, Хелга, господин Ото Флик… нема лик во серијата чија приказна не е раскажана и нема гледач кој не уживал во урнебесните ситуации во кои се наогаа од ден во ден.

Годинава беше објавен документарен филм во кој актерите потсетија на култните сцени, но и покажаа како изгледаат денес. Ивет и понатаму е убавицата каква беше, Хелга го чува костимот во кој го заведе господинот Флик, а Ханс Грубер призна дека украл една работа од сетот.
Документарецот содржи и видео интервју од 2013 година на Горден Кеј, познатиот Рене, кого го загубивме во 2017 година. Гордон Кеј почина во старечки дом на 75-годишна возраст. Пред него го загубивме капетанот Ханс Геринг, пред него Мадам Едит…


Веста за смртта на култниот британски лик од комедија шокираше многумина, особено откако еден од неговите роднини ги откри деталите. На Кеј му била дијагностицирана деменција во 2015 година. „Тој не не препознава“, изјави сопругот на братучетката на Гордон, Шила, Рејмонд Шатлворт за Мирор по смртта на актерот.

„Персоналот го исправаше во кревет кога доаѓавме на гости и тој зборуваше, но нешто некохерентно. Беше во свој свет… Зборуваше глупости и лекарите одамна не предупредија да го очекуваме најлошото. Тој ден бубрезите му откажаа… па почина“, рече Рејмонд, откривајќи дека во последните месеци бил сам.


“Тој беше осамен до крајот. Таков срам за човек кој насмеа толку многу луѓе. Во последните години ретко кој го посетуваше. Како сите да заборавија на него. Со сопругата го посетувавме секогаш кога можевме, последен пат беше пред две недели… Се сеќавам дека еднаш ми кажа колку ги цени своите обожаватели: „Тие ми се леб и путер“… Можеби сите го заборавија, колегите… но ние, семејството и неговите многубројни обожаватели, никогаш нема“.

Колегите кои учествуваа во документарецот не го заборавија. Актерот Гај Синер, кој го толкуваше ликот на поручникот Грубер, кој беше заљубен во Рене, особено се потсети на сцената со Кеј, во која тој му подари кутија кибритчиња и на тој начин создаде метеж. Ова никому не го признав, крадев. Ја украдов таа кутија кибритчиња и се уште ја чувам.

Извор: мондо.рс

Фото: Принтскрин Јутјуб


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7