Поради паѓање на Инстаграм Роналдо изгуби три милиони следбеници, а доби 493 милиони
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/1/22 10:49 AM

Поради паѓање на Инстаграм Роналдо изгуби три милиони следбеници, а доби 493 милиони

Инстаграм го реши проблемот поради којшто милиони корисници беа известени дека нивните профили се суспендирани. Луѓето почнаа масовно да го пријавуваат проблемот вчера.

Се чини дека проблемот бил ограничен на корисниците на „Ајфони“ кај кои апликацијата „Инстаграм“ е воопшто нестабилна и паѓа во последно време.

„Го отстранивме овој ‘баг’ поради кој луѓето од различни делови на светот имаа проблем со пристапот до нивните профили. Се извинуваме“, објави Инстаграм.

Инаку, на пр., и профилот на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо за еден ден „изгуби“ три милиони следбеници, но таа бројка е вратена на 493 милиони.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7