Неда Украден го запознала мажот на нејзиниот живот во Македонија
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/1/22 8:00 PM

Неда Украден го запознала мажот на нејзиниот живот во Македонија

Неда Украден ја објави автобиографската „Зора је сванула“ во која откри бројни детали од својата кариера, но и од приватниот живот.

Таа проговори и за д-р Момо Јаковљевиќ кого лудо го сакала и со него планирала семејство. Познато е дека пејачката и докторот биле во сериозна врска, а деталите Неда ги сподели во книгата, почнувајќи од самото нивно запознавање.

Мојот згоден, шармантен Белграѓанин го запознав на едно музичко-модно случување во Македонија каде настапувавме и двајцата, тој беше манекен, а јас пејачка. Бевме речиси на иста возраст, со пропаднати бракови зад себе. Освен што беше успешен манекен, тој имаше завршено медицина и работеше како лекар. Живееше со родителите и помалиот брат во една убава стара зграда“, пишува Неда.

Во книгата понатаму, таа додава:

„Врската ни влезе во сериозна фаза во 1987 година, кога се пријавив кај него, на неговата домашна адреса во Белград. Како пар на сите им „бодевме очи“, па слушавме разни приказни. Многу луѓе работеа на тоа да неè разделат“.

Како што понатаму наведува Неда во својата книга, нивните семејства одлично се вклопиле, но во тој период таа била поврзана со Сараево.

„Бевме зрели, слободни и заљубени. Обожував да бидам не само пејачка туку и негова „обична“ девојка, со неговата мајка да одам на пазар, да подготвувам ручек. Единственото нешто поради кое тагував е тоа што мојата ќерка не беше со мене во Белград“, додала пејачката, а нејзината разделеност од ќерката Јелена била причината поради кја решила да стави крај на оваа романса.

Иако Неда ги сподели деталите од нивната врска, докторот сепак не сака да го коментира ова.

„Не ме интересира таа приказна и понатаму не би сакал да коментирам“, кратко изјави Јаковљевиќ.

 

Извор: mondo.rs

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7