„Ме убиваше од ќотек секој ден, а ме тераше да се преправам дека сè е во ред“ - Ужасна животна исповед на славната актерка
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/1/22 8:00 PM

„Ме убиваше од ќотек секој ден, а ме тераше да се преправам дека сè е во ред“ – Ужасна животна исповед на славната актерка

Големата ѕвезда на култниот филм Little Miss Sunshine, актерката Абигејл Бреслин, се прослави како преслатко девојче, а денес има 26 години.

Со текот на годините, нејзиниот живот бил сè освен бајка.

Иако се чинело дека ќе стане голема холивудска ѕвезда, Абигејл не се најде на листата на актерки во холивудската А листа. Таа сè уште се занимава со глума,  во последно време глуми во научно-фантастични филмови со хорор елементи, а всушност нејзиниот приватен живот е вистинска хорор приказна.


По долгогодишно молчење, Абигејл решила да го сподели трауматичното искуство кое би ја одбележало до крајот на животот. Актерката на својот Инстаграм профил објави лична исповед и откри како била во токсична врска 2 години во која нејзиниот поранешен партнер тешко физички, вербално и емотивно ја малтретирал.

Таа објави серија фотографии на кои напиша како преживеала тешко малтретирање и дека на крајот ја нашла среќата.

„Бев во многу сурова, навредлива врска скоро 2 години. Сè беше прекрасно на почетокот, бев толку заљубена. За жал, мојот злоставувач ја искористи мојата наивност и невиност и набрзо стана насилен. Ме тепаше секој ден. ме заклучуваше во соби и ме тераше да се преправам дека сè е во ред.Повредите ги криев по целото тело со денови“, напиша Абигејл.

„Користев коректор и дебел слој пудра за да ги сокријам модриците на телото и лицето. Се плашев од него, но најлошите повреди беа психолошките. Ме навредуваше и ми ја уништи самодовербата. Се чувствував недостојна за љубов, грда и несакана Мислев дека заслужувам да бидам тепана и угнетувана“, изјавила таа.

На крајот семејството и пријателите ја извлекле од целата ситуација.

Со внимание и активна помош ја извлекле од маѓепсаниот круг на токсичната врска, па таа успеала да се ослободи од челичниот стисок на својот насилник. Денеска Абигејл е во среќна врска и се сврши со Ајру Кањански, пишува Стори.хр.

„Сега сум среќна, здрава личност, но сè уште имам моменти. Имам ПТСН и понекогаш имам непријатни соништа и се будам во паника, сè уште се опоравувам од траумите“, заклучила таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ira Kunyansky (@richruski)

Извор: курир.рс

Фото: Инстаграм

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7