Продолжуваме со нашите дипломатски заложби за мирот и стабилноста, рече турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/31/22 6:19 PM

Продолжуваме со нашите дипломатски заложби за мирот и стабилноста, рече турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок

По инторнирање на македонската и турската химна, официјално почна прославата по повод 99 годишнина од оснивањето на Републиката, во турската резиденција.

Амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок во своето обраќање рече дека Туркије продолжува да  напредува  надградувајќи ги со секој минат ден  подвизите и придобивките реализирани почнувајќи од 1923 година пос водство на Мустафа Кемал Ататурк.

-Продолжуваме со нашите дипломатски заложби  со цел на воспоставување  на мирот и стабилноста  на регионален и глобален план.  Туркије исто така е и балканска земја, имајќи го предвид  нашите вкоренети историски  и мегучовечки врски  му посветуваме особено внимание на зајакнувањето  на нашата соработка  во сите области со земјите  од регионот, меѓу кои е и Северна Македонија.  Со големо задоволство увидуваме и дека турската заедница, која е од конститутивните народи на Македонија има исклучителна улога  во нашите билатерални односи, рече амбасадорот, спомнувајќи ја врската помеѓу Ататурк и Македонија.

На прославата на годишнината беше прочитано и поздравното писмо на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

На прославата од 99 годишнината од модерна Турција гости беа дел од македонскиот политички врв, дипломатски претставници, како и дел од бизнис заедницата и спортот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7