Новизбраните уставни судии почнаа со работa, првата седница закажана за 9 ноември
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/31/22 3:12 PM

Новизбраните уставни судии почнаа со работa, првата седница закажана за 9 ноември

Новоизбраните судии Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер денеска почнаа со работа во Уставниот суд.

„Двајцата судии утрово беа примени од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, добија работни материјали за следната седница закажана за 9 ноември.  Судиите Бозаџиева и Скендер се запознаа со вработените во службата на Уставниот суд и во наредниот период ќе им бидат распределени предмети за работа, информираат од Судот.

Двајцата новоизбрани уставни судии имаат мандат од девет години.

Уставниот суд во соопштението апелира до пратениците да го почитуваат Уставот и да ги пополнат и останатите три судиски места за, како што е посочено, да може Судот да функционира во полн капацитет и да одлучува за сите предмети кои се од голема важност за државата и за граѓаните.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7