Не очекувам нови тензии, вели градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/31/22 9:04 AM

Не очекувам нови тензии, вели градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов

Во врска со вчерашните случувања околу отворањето на клубот „Никола Вапцаров“, градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов за БНТ изјави дека е важно што се поминало мирно и без нарушување на јавниот ред во градот.

Според него, Благоевград е многунационален град во кој живеат и луѓе од различни националности како една заедница меѓу себе. Не очекува никакви нарушувања на состојбата во таа насока и не очекува нови тензии.

Илко Стојанов искоментира дека македонскиот клуб е нелегитимен и дека клубот не треба да го носи името на Никола Вапцаров.

фото-prt sc

БНТ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7