(Видео) Трагедија! Во моментот 400 луѓе биле на него - Се зголемува бројот на загинати при уривањето на мостот во Индија, досега132 лица
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/31/22 8:25 AM

(Видео) Трагедија! Во моментот 400 луѓе биле на него – Се зголемува бројот на загинати при уривањето на мостот во Индија, досега132 лица

Бројот на загинати лица при уривањето на мостот во Гуџарат во Индија се зголеми на 132, соопшти локален функционер, јавија дел од британските медиуми.

Пешачкиот мост на реката Мачу во градот Морби беше полн со посетители кога се урна во текот на вчерашниот ден. Над 400 луѓе беа на и околу мостот за време на несреќата.

Персоналот на вооружените сили заедно со националните тимови за справување со катастрофи и итни случаи од блиските области, се во потрага по исчезнати лица и помагаат во операциите за спасување.

Мостот долг 230 метри е изграден за време на британското владеење во 19-ти век. Поради реновирање, тој беше затворен шест месеци, а неодамна повторно се отвори за јавноста.

МИА

Фото: Принтскрин Твитер


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7