Немаше компјутер и интернет, а од денес е светски шампион! Мартин Саздов стана светски првак во Дота 2 - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/30/22 7:49 PM

Немаше компјутер и интернет, а од денес е светски шампион! Мартин Саздов стана светски првак во Дота 2

Dota 2 тимот Tundra Esports каде што игра и нашиот Мартин ‘Сакса’ Саздов го освои The International 11 – Dota 2 откако во финалето ги победија Team Secret со резултат од 3-0, објави вечерва порталот gg.mk.

Победата на овој турнир му ја доделува на тимот титулата Најдобариот Dota 2 тим во светот и огромна награда за прво место од околу 8.000.000 милиони долари!

Тимот Tundra Esports остана непоразен во текот на целата фаза од натпреварувањето, губејќи само четири мапи во групната фаза и само една на главната фаза. Иако во последниве години повеќе гледаме како аутсајдери и андердогс го освојуваат The International, оваа година беше случај кога најдобриот тим ја исполни својата судбина на импресивен начин. Tundra Esports беа тимот кој беше подржан од илјадници Dota фанови ширум светот! Нормално огромен број фанови беа директно од Македонија само заради нашиот Мартин ‘Сакса’ Саздов.

За Team Secret ова е уште една година кога тие беа неверојатно блиску до освојување на TI, откако беа четврти во 2019 и трети во 2021 година. До турнирот преку квалификациите за последна шанса по тешката година за тимот. Тие носат дома најмалку 2.451.843 долари.

Но најбитната работа од целиот турнир е дека тимот Tundra Esports каде што игра нашата гордост Мартин ‘Сакса’ Саздов победи во финалето и станаа светски шампино! Или подобро е да се каже дека Мартин Саздов, детето кое што пред неколку години дома немаше добар интернет и компјутер да игра Dota 2 сега е во листата на шампионите! Пред неколку години со тимот на “OG” исто така успеа да стигне до финалето, но за жал изгубија и го освоија второто место. Но оваа година Мартин ‘Сакса’ Саздов го најде вистинскиот тим со кој што го освоија шампинот и прекрасниот пехар!

 

Извор: gg.mk

Фото: Twitter / The International


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7