Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Демерџиев лично ја предводеше полицијата во Благоевград по повод отворањето на македонскиот клуб - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/30/22 7:30 PM

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Демерџиев лично ја предводеше полицијата во Благоевград по повод отворањето на македонскиот клуб

Во Благоевград во текот на целиот ден беше присутен и министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев, кој оперативно ги водеше акциите на локалната полиција, поради загриженост за немири по повод отворањето на македонскиот клуб во градот.

Како што јави дописникот на агенцијата МИА од Софија, според Демерџиев, имало потреба од силни безбедносни мерки. Тој бил категоричен дека требало да се покаже дека Бугарија е правна држава, која е способна да одржува ред на својата територија и која е способна да организира цивилизиран тек на вакви настани, не дозволувајќи ексцеси и да покаже дека, за разлика од други земји во Бугарија нарушувања на редот не се толерираат.

Според Демерџиев „секој има право да го каже своето мислење во рамките на законот”.

– Она што ќе го направиме е да го применуваме законот. Од тоа па натаму политичките пораки ќе бидат направени на соодветен начин од бугарската држава, коментира Дерменџиев.

Задачата на бугарските власти, според него, била да го зачуваат јавниот ред.

– После тоа ќе ги користиме сите механизми на правото и политиката, додаде бугарскиот министер за внатрешни работи Демерџиев, кој ја пофали локалната полиција, за која рече, дека делувала исклучително професионално.

Демерџиев остварил и средби со градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов и регионалниот гувернер Николај Шушков.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7