Мило ми е што македонски граѓани може слободно да одат и да се радуваат на културен клуб во Бугарија, рече Ковачевски
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/30/22 4:25 PM

Мило ми е што македонски граѓани може слободно да одат и да се радуваат на културен клуб во Бугарија, рече Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека тоа што македонски граѓани денеска може слободно да одат и да се радуваат на културен клуб во Бугарија е една од придобивките на договорот со соседна Бугарија и со почетокот на преговорите со ЕУ и најави дека Владата ќе поднесе официјално барање до владата во Софија со цел отворање на Културно информативен центар на Северна Македонија во Бугарија.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто не присуствува на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград, Ковачевски рече дека не бил во Бугарија затоа што знаел дека денеска ќе има седница на Влада, токму за справување со енергетската криза.

–  Мило ми е што македонски граѓани, вклучително и господинот Мицкоски и господинот Апасиев може слободно да одат и да се радуваат на културен клуб во Бугарија. Сметам дека тоа е една од придобивките на договорот што го направивме со соседна Бугарија и со почетокот на преговорите со ЕУ и среќен сум што дури и опозицијата го признава тоа, изјави Коавечсвки, одговрајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција на која ги презентираше мерките за поддршка стопанството и граѓаните.

Единствено, нагласи тој, барам секогаш да покажуваме добрососедски односи и да нема тензии или непотребни конфликти кога се прават посети меѓу двете држави или посети со било која друга држава.

За тоа дали можеби наредната недела ќе го посети клубот, Ковачевски рече дека следната недела ќе биде во Берлин на конференција за берлинската иницијатива, каде ќе има потпишување договори со земјите од Западен Балкан.

– Владата ќе поднесе официјално барање до владата на Бугарија со цел отворање на Културно информативен центар на Северна Македонија во Бугарија, како што имаме во Софија, Тирана и Сараево и каде што ќе можат сите граѓани кои се самоопределуваат како Македонци да го посетуваат и да се запознаваат со нашата култура и литература. Со се она што значи македонско наследство, како оние што се самоопределуваат како Македонци, така и оние кои што се самоопределуваат на друг начин, за да можат да се запознаат со нашата култура, изјави Ковачевски.

Во однос на изјавата дека бугарските власти треба да истражат кој стои за отворање на клубот во Благоевград, Ковачевски рече дека тоа го кажал во однос на регистрацијата, дека тоа кај нас го прават нашите институции, додека во други држави, тоа го прават нивните институции.

– Не можат наши институции да прават во друга држава, ниту пак може друга држава да прави било какви проверки во нашите институции во нашата држава. Тоа беше одговорот, изјави Ковачевски.

Ковачевски, исто така, посочи дека тој е премиерот што вети дека Северна Македонија ќе ги отпочне преговорите со ЕУ со чист македонски јазик и со заштитен идентитет и дека со потпишувањето на договорот со Фронтекс тоа е потврдено.

– Со потпишувањето на договорот со Фронтекс пред само неколку дена во присуство на претседателката на ЕК, каде што нашиот чист македонски јазик е ставен на ист договор со сите други јазици на ЕУ, одобрен од сите 27 земји членки, го потврдивме и ги исполнив своето ветување, изјави Ковачевски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7