Полицијата расипала сон на родители - Во три ноќеска привела пијани малолетници од Прилеп
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/30/22 1:25 PM

Полицијата расипала сон на родители – Во три ноќеска привела пијани малолетници од Прилеп

При акциската контрола ноќеска, од полноќ до три часот изутрината, во угостителските објекти во Прилеп, полицијата затекнала 24 малолетници. Седум од нив биле под дејство на алкохол.

Од СВР Битола информираат дека малолетниците се предадени на нивните родители, а по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Контролите на полицијата продолжуваат за да се превенираат или спречат девијантните појави, особенокога се во прашање малолетниците


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7