(Видео) Ние сме Македонци, зборуваме македонски јазик и доаѓаме од Македонија - Отворен клубот во Благоевград - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/30/22 12:30 PM

(Видео) Ние сме Македонци, зборуваме македонски јазик и доаѓаме од Македонија – Отворен клубот во Благоевград

Отворен е македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

Отворањето на клубот, според основачите, е со цел да ги зближи двата народа и да ги надмине разликите.

– Ова е клуб којшто ќе помогне во Бугарија да ја препознаат македонската култура, а со неа и македонскиот народ. Културниот момент е тој којшто навистина може да ги зближи народите и да ги надмине разликите, беше речено на отворањето на клубот.

На отворањето присуствуваа генералниот секретар во Кабинетот на претседателот на државата Миле Бошњаковски и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на Левица Димитар Апасиев.

Отворањето на клубот го следат голем број новинарски екипи, а има и засилено полициско обезбедување.

Наспроти македонскиот клуб, во организација на ВМРО – Бугарско национално движење отворена е изложба со бугарското знаме и слика од цар Борис Трети и дел од македонските револуционери меѓу кои Гоце Делчев и Јане Сандански проследена со гласна музика. ВМРО-Бугарско национално движење најави и протест.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска заедно со лидерот на Левица присуствува на отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград пред медиумите изјави дека правото на самоопределување кое е неприкосновено и загарантирано со сите меѓународни акти треба да го почитуваат сите, посебно земјите членки на Европската унија.

– Тука сме да ја испратиме пораката дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија. И за тоа во 21 век веќе не треба никој да има дилема, ниту треба воопшто да се разговара. Треба да се почитува правото на самоопределување, а нашето право да се самоопределиме како Македонци е неприкосновено и загарантирано со сите меѓународни акти, рече Мицкоски пред отворањето на клубот.
Прашан зошто не се почитува правото на бугарските Македонци, Мицкоски истакна дека со македонскиот Устав е загарантирано правото на сите малцинства кои живеат во државата и дека македонскиот Устав е согласно сите меѓународни норми и правила.
– Прашањето е зошто правото на Македонците во Бугарија не е признаено. Секое малцинство во Македонија си има свои права загарантирани со Уставот и според последниот попис 1500 Бугари имаа право да се определат, рече Мицкоски.

Сашо Маневски заедно со неколку членови на организацијата оствари средби со претседателите и членовите на забранетите организации од Пиринска Македонија, вклучувајќи ги, ОМО Илинедн, ОМО Илинден – Пирин, Македонски клуб за етничка толераниција и други.

На средбата со нашите пријатели од Пиринска Македонија разговаравме за конкретната соработка која ја водиме се со цел подобрување и остварување на основните човекови права на Македонците во Пиринска Македонија.

“Нашата соработка трае и се повеќе ќе се продлабочува, во следниот период јавноста ќе дознае за конкретните чекори кои ги превземаме за подобрување на основните човекови права на Македонците во Република Бугарија и заштитата на вредностите на Европската Унија во Бугарија’, ова го изјави Престедателот на НовАсном Сашо Маневски.

Честито отварање на Клубот ‘Никола Вапцаров’, нека истиот клуб биде мост на  културна соработка на сите граѓани во Република Бугарија.

Во исто време сакаме да се заблагодариме на Бил Николов од Македонското меѓулнародно движење за човекови права без кого ова отварање ќе беше неможно.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7