(Видео) Над 100 луѓе загинаа во стампедо за време на прослава на Ноќта на вештерките - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/29/22 8:31 PM

(Видео) Над 100 луѓе загинаа во стампедо за време на прослава на Ноќта на вештерките

Најмалку 120 луѓе ги загубија животите и над 100 се повредени денеска во стампедо во Сеул за време на прослава на Ноќта на вештерките, соопшти јужнокорејската противпожарна служба.

Службата соопшти дека 140 амбулантни возила биле распоредени за да им помогнат на луѓето на местото на настанот.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ги повика болниците да бидат подготвени да примат пациенти.

Агенцијата Јонхап објави дека околу 50 луѓе имале срцев удар во кварт во Сеул, каде неколку илјади луѓе ја прославувале Ноќта на вештерките.

Јужнокорејски медиуми објавија фотографии од луѓе кои лежат на улица додека спасувачките служби им помагаа, а полицијата ја сузбива толпата.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7