Среќни дојдоа, среќни си заминаа - Спектакуларен и емотивен концерт на „Индекси“ и пријателите
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/29/22 3:29 PM

Среќни дојдоа, среќни си заминаа – Спектакуларен и емотивен концерт на „Индекси“ и пријателите

Едно време сите бевме среќни и весели, време со насмеани лица, кои имаа сè и само сакаа да се забавуваат.

На такво време синоќа нè потсетија хитовите на култната група „Индекси“, кои годинава слават 60 години од постоењето и иако некои од членовите не се веќе меѓу нас, како што е и главниот Даворин Поповиќ, сепак преку нивните песни останатите членови нè потсетија токму на тоа убаво време.

Публиката која ја наполни салата во „Филхармонија“ не ни очекуваше дека ќе биде поинаку.

Насмеани и среќни дојдоа да се потсетат на тоа време, на тие песни, на кои среќаваа, се додворуваа, си наоѓаа многу љубови. Така и си заминаа, по два часа играње,пеење и аплаудирање си заминаа задоволни.

Членовите на „Индекси“, кои се веќе средни години, каква што беше и поголемиот дел од публиката, не подаваат слабост на годините и како момчиња свиреа и уживаа.

Привилегија беше да се видат музичари кои свиреле во бендот во некоија од 60-те години како Фадил Реџиќ, Нено Јурин, Мирослав Шарановиќ, Синан Алимановиќ, Пецо Петеј, Владо Правдиќ,  Мурис Варајиќ, а најголемо задоволство беше нашето дете, басистот Иван Кукиќ, кој од публика го поддржаа мама Ленче и тато Горан.

Песните на „Индекси“ ги отпеаја Дадо Топиќ, Саша Драгаш, Нено Белан,, Дино Јелушиќ, Нермин Пушкар, Бојана Стаменов, Амел Ќуриќ, Сара Војичиќ, и Дејан Цукиќ. Беше најавен и познариот Бранко Ѓуриќ-Ѓуро, но како што рекоа, се разболел и поради вирусот не допатувал во Скопје. Дека останатите членови на бендот се труделе дословно да нè вратат во среќното минато покажува и придружниот вокал настапувала со нив. Таа со Дадо Топиќ ја испеа песната посветена на Даворин, „Пјесма о Давору“, која го опишува неговиот живот.

Крајот на концертот беше ист како на стартот, овации, аплауз и пеење, бидејќи непланирано завршија со песната „Македонија“, која ј пее Дадо Топиќ, но овој пат цела салаа ја пееше на глас.

„Индекси“ на едно место ги седна поранешниот претседател Ѓорги Иванов, кој беше со син му, сегашниот Стево Пендаровски, кој дојде со сопругата Елизабета и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Весна Миленковска

Погледнете ја галеријата од нашиот фоторепортер Вангел Тануровски :


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7