Мотоциклисти ќе дефилираат низ Скопје за да ја зголемат свеста за хуман третман кон животните
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/29/22 11:32 AM

Мотоциклисти ќе дефилираат низ Скопје за да ја зголемат свеста за хуман третман кон животните

Под слоганот „Биди модерен, биди хуман!” Шепасти Ентузијасти Скопје, здружение за заштита на животни и животна средина, го организираат вториот по ред ШеPAWогија vol. 2, каде ги покануваат сите љубители на животни да бидат дел од еден позитивен настан на кој ќе се собираат донации наменети за покривање на трошоците за Шепастите штитеници.

Од 12:00 – 13:00 часот МК Вепар, и други пријавени мотоциклисти, ќе учествуваат на кратко мото дефиле низ градот Скопје, со знамиња под истоимениот слоган, со цел да се покрене свеста за хуман третман кон животните и заштита на животната средина. Имено МК Вепар е хуман мотоциклистички клуб, и членовите на истиот се грижат за повеќе мачиња кои сами ги спасуваат, стерилизираат и вакцинираат, и својата поддршка за настанот како големи љубители на животните ја покажаа преку обезбедување простор за истиот и учество во дефилето.

Настанот ќе продолжи со музичка програма и базар во 13:00 часот во дворот на просториите на Мото Клуб Вепар, каде J&J Acoustic & DJ Tina ќе ги забавуваат посетителите до попладневните часови, односно до 18 часот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7