102 товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед, 32 биле неисправни
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/28/22 11:46 AM

102 товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед, 32 биле неисправни

Во рок од пет часа, во текот на вчерашниот ден, 102 товарни возила се испратени на технички вонреден преглед од страна сообраќајната полиција. По извршената контрола, утврдено е дека 32 од товарните возила биле неисправни.

„Во текот на вчерашниот ден (27.10.2022) во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на  Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила. При контролата 102 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 32 и тоа: 12 поради техничка неисправност на уредот за запирање, 11 за неисправни системи и опрема, три за претовар, две возила биле со неисправен уред за управување… Во однос на возачите: 12 возачи бесправно управувале со возило, шест возеле без возачка дозвола, еден возач управувал возило за време на впишана прекршочна санкција “забрана за управување”, информираат од МВР

При контролата санкционирани се и 104 останати прекршоци.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7