Oчекувате ли потомство?-Кинеската влада сака младенците во рок од една година да станат родители, ќе ги потсетуваат на секои 3 месеци - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/28/22 10:31 AM

Oчекувате ли потомство?-Кинеската влада сака младенците во рок од една година да станат родители, ќе ги потсетуваат на секои 3 месеци

Интернетската објава на новопечена невеста во Кина, која локалната власт ја контактирала со прашање дали е трудна, собра десетици илјади коментари пред да биде тргната, а многу корисници на интернет рекоа дека добиле слични повици.

Распаравата на интернет следеше откако претседателот Си Цинпинг минатата недела на 20 конгрес на Комунистичката партија рече дека кина ќе донесе мерки за зголемување на наталитетот и подобрување на стратегијата за развој на населението во земјата.

Владата сака младенците да се остварат како родители во рок од една година

Во објава на Веиб, сервис сличен на Твитер, корисник под името ‘lost shuyushou’ опиша искуство на колешка која добила повик од службата за здравје на жените од градската управа на Нанџинг.

Во објавата се наведува дека службеникот рекол дека локалната влада „сака младениците да се остварат како родители во рок од една година и нивната намера е да телефонираат на секои три месеци“.

Општинската влада на Нанџинг и Националната здравствена комисија не одговориле веднаш на барањето на „Ројтерс“ за коментар.

Една жена во коментар на изворната објава напиша дека се омажила во август лани и дека досега локалната власт ѝ се јавила два пати.

Мажена си, зошто не се подготвуваш за бременост?

Првиот пат ја прашале дали зема фолна киселина и дали се подготвува да забремени. Вториот пат ка прашле дали веќе е трудна.

„Мажена си, зошто уште не се подготвуваш за бременост? Земи си време за дете“, ѝ порачале.

Објавата е тргната за неколку часа откако била објавена заедно со сите коментари.

Откако во 1980 до 2015 година Кина наметна политика на едно дете, сега призна дека нејзината популација е на пат да почне да се намалува што ќе ја загрози нејзината способност да се грижи за постарите лица.

Некои демографи сметаат дека бескомпромисната политика на нулта толеранција на Ковид со строга контрола на животот на луѓето може да предизвика длабока и трајна штета на нивната желба да имаат деца.

Бројот на новородени оваа година ќе падне под 10 милини од минатогодишните 10,6 милиони, а веќе во 2020 година забележан е пад од 11,5 отсто.

извор-n1info.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7