Наместо БСЖ вакцина, 600 бебиња во Белград добиле физиолошки раствор
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/27/22 3:43 PM

Наместо БСЖ вакцина, 600 бебиња во Белград добиле физиолошки раствор

Наместо БСЖ вакцина, 600 бебиња во ГАК „Народен фронт“ во Белград добија физиолошки раствор, соопшти новоименуваната министерка за здравство Даница Грујичиќ. Децата не се загрозени, вакцината ќе ја примат во наредниот период.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерката Грујичиќ одржа вонредна прес-конференција на која соопшти дека 600 бебиња на ГАК „Народен фронт“ во Белград наместо вакцина против БСЖ добиле физиолошки раствор.

Груичиќ истакна дека децата не се загрозени, а вакцината ќе ја примат во наредниот период, објави РТС.

Оваа вакцина на децата се дава на возраст до 12 месеци.

Според Грујичиќ, грешката ја направила медицинска сестра. Директорот на ГАК „Народен фронт“ и понудил оставка, но таа не била прифатена.

Министерката за здравство посочи и дека се назначени тројца лекари кои ќе се грижат правилно да се изврши вакцинацијата.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7