Македонската репрезентација падна за едно место на ранг-листата на ФИФА - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/6/22 4:06 PM

Македонската репрезентација падна за едно место на ранг-листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад за една позиција на најновата ранг-листа на ФИФА на која се наоѓа на 64. место.

На послабиот рејтинг влијаеја двете порази на македонските фудбалери во септемврискиот циклус во Лигата на нации, од Грузија (0-2) на гостински терен и од Бугарија (0-1) во Скопје.

На чело на ранг-листата на ФИФА останува Бразил, пред Белгија, Аргентина, Франција, Англија, Италија, Шпанија, Холандија, Португалија и Данска.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7