Украина во моментов не може да влезе во НАТО поради војната, рече Бретон, а Зеленски бараше брза постапка - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/6/22 1:08 PM

Украина во моментов не може да влезе во НАТО поради војната, рече Бретон, а Зеленски бараше брза постапка

Украина не може да влезе во НАТО додека има војна на нејзина територија, објави денеска европскиот комесар за единствен пазар Тиери Бретон.

„Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара членство во НАТО, но, како што знаете, за да влезе во Северноатлантскиот договор, земјата не смее да има воени операции на своја територија, додека Украина е земја во војна, така што очигледно е дека ова во моментов е невозможно“, изјави Бретон за француската телевизија БФМ.

Тој ја опиша оваа ситуација како „политички демарш“ и изјави дека украинското барање е „симболично“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во септември објави дека Украина поднела апликација за членство во НАТО, по забрзана процедура.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7