Не поскапува пајак службата, информираат од ЈП „Градски паркинг“ - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/6/22 1:00 PM

Не поскапува пајак службата, информираат од ЈП „Градски паркинг“

Изминатиов период на адреса на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје постојано пристигнуваат прашања од корисници поврзани со шпекулации за наводна промена на цените на услугите што ги нуди препријатието, односно дека цената ќе биде зголемена.

Поради ова, од ова ЈП информираат  дека цените на услугите што ги нуди претпријатието, по сите основи, остануваат непроменити и се согласно „Ценовникот на услуги на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Потенцираат и дека за секоја промена претпријатието навремено ќе ја извести јавноста, а во моментов цените на услугите на пајак службата се непроменети и изнесуваат:

  • 2500 денари – подигнување и пренос на возило до „Депо Пајак“ по налог на овластено лице,
  • 3500 денари – подигнување на возило од зелена површина,
  • 1500 денари – подигнување на непрописно паркирано возило по налог на овластено лице, кога сопственикот се појавува на лице место и самостојно го отстранува,
  • 1000 денари – повик од трето лице за транспорт на 1-10 возила и
  • 800 денари – повик од трето лице за транспорт на повеќе од 10 возила.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7