Уапсени дилер на кокаин од Арачиново и дилер на хероин од Гевгелија - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/6/22 12:35 PM

Уапсени дилер на кокаин од Арачиново и дилер на хероин од Гевгелија

МВР информира дека уапсило двајца дилери на дрога.

 

Одделот за сузбивање со организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна полициска истрага, на 05.10.2022 година лишија од слобода дилер на кокаин од скопско Арачиново.

Имено, во рамките на спроведената криминалистичка истрага во периодот од јуни до октомври 2022 година, во координација со ОЈО Скопје, Единицата за недозволена трговија со дрога обезбеди материјални докази за Е.А.(23), за кој постојат основи на сомнение дека  сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

При претрес извршен во домот на Е.А. во скопско Арачиново, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, билe пронајдени предмети поврзани со кривични дела, а лицето е приведено. Во координација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, во текот на денот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Против истото лице во март 2019 година, исто така, беше поднесена кривична пријава поради недозволена трговија со кокаин.

Во Гевгелија, пак дилер на хероин.

Денеска (06.10.2022) во 06.50 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода Ѓ.Ќ. (48) од село Стојаково, гевгелиско, затоа што при преглед кај него и во возилото „застава југо“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со херoин.

Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, за настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7