Тројца повредени при судир на три возила на патот Штип - Делчево - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/2/22 12:59 PM

Тројца повредени при судир на три возила на патот Штип – Делчево

Три лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа синоќа која се случила вчера во 23:55 часот на магистралниот пат Штип – Делчево.

До незгодата дошло при судир на три патнички моторни возила „голф” со кочански регистарски ознаки, управувано од М.М.(34) од с.Облешево, „тигуан” со кочански регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(27) од с.Мојанци и „ауди А4″ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(34) од Виница.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило „голф” М.М., а сопатниците во патничкото моторно возило „тигуан” С.Ј.(51) и Ж.Ј.(47) и двајцата од с. Мојанци се здобиле со телесни повреди, констатирани од лекар во Општата болница-Кочани, наведуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР-Кочани.

 

Фото: Архива


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7