(Галерија) „Скопски маратон 2022“: Се натпреваруваат над 8000 луѓе од 47 држави
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/2/22 10:45 AM

(Галерија) „Скопски маратон 2022“: Се натпреваруваат над 8000 луѓе од 47 држави

„Виз Ер Скопски маратон” се одржува денеска во Скопје.

Учествуваат 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави. Организаторите апелираат до жителите на главниот град масовно да излезат на улиците и да им дадат силна поддршка на учесниците.

Скопскиот маратон традиционално е во организација на Сојузот на спортови на Град Скопје, а и годинава се организира со поддршка со локалните власти, бројни спортски клубови и асоцијации, под покровителство на Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Канцеларијата на Европската унија.

Скопскиот маратон годинава има измената рута која ќе се движи од центарот на Скопје, до населбата Хром, по што рутата се враќа назад до центарот на градот преку булеварите „Трета Македонска бригада”, „Србија” и „Јане Сандански”.

Годинашното издание на маратонот е биде посветено на основачот на манифестацијата Ѓорѓи Кузмановски, кој почина во понеделникот на 80-годишна возраст.

Манифестацијата е поддржана од голем број спонзори, а авиокомпанијата „Виз Ер” на сите учесници и оваа година ќе им додели ваучери во износ од 20 евра.

Во продолжение, погледнете ја атмосферата од овој спортски настан доловена преку објективот на ММС.

МИА
Фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7