(Видео) Започна ревитализацијата на системите на „Злетовица“
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/30/22 4:27 PM

(Видео) Започна ревитализацијата на системите на „Злетовица“

Изминатата недела беше потпишан договор за рехабилитација на СКАДА системот, системот за алармирање и системот за оскултација на ЈП ХС „Злетовица“. Средствата се обезбедени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое учествува со 60 отсто и остатокот од словенечкиот Центар за меѓународна соработка и развој.

Љупчо Благоевски, в.д. директор на „Злетовица“ на свеченоста на потпишувањето на овој договор рече дека надградбата на системите е неопходност  по 12 години работа и технолошки промени.

-Со потпишувањето на овој договор – не е само системот СКАДА, туку имаме три системи – системот за оскултација, системот за алармирање и тревожење и СКАДА системот. Ова значи подобро менаџирање и управување со сите ресурси кои ги има Злетовица  – знаете дека СКАДА ни е за мониторинг, набљудување и управување на сите наши системи. Системот е изграден пред 10 -12 години, сега следува рехабилитација. Покажа одредени слабости, а со тек на времето и напредуваше технологијата и затоа мораше да настане оваа рехабилитација, изјави Благоевски.

Тој најави втора апликација до Центарот за меѓународна соработка и развој за изградба, која се однесува на изградбата на хидроцентралата Б на локалитетот Темелен испуст.

Рехабилитацијата на системот што ќе го изведе компанијата „Искра системи“ почнува веднаш по потпишувањето на договорот, што според професорот на ФЕИТ, Миле Станковски ќе помогне во управување на системот од страна на инженерите, а од друга помош за менаџирање на раководството на целиот систем.

-Е предвидена ревитализација на ХС Злетовица, системот за оскултација, што значи дека после 12 години од пуштање беше современ во тоа  време, но напредокот на технологијата по одредено време. Дојде моментот кога треба да се направи ревитализација. Со ова ќе унапреди самиот систем, ќе биде пофункционален и ќе има многу подобри решенија во самото функционирање и во менаџирањето на системот. Во ваквите системи  побитна е подготовката на самиот систем отколку самата изведба, изјави професорот Станковски.

Според планираното, ревитализацијата на системите се очекува да трае неколку месеци, односно од 3 до 6 месеци и некаде после Нова Година, системот да функционира комплетно реновиран како нов.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7