Во брачна задница живее 65,3 проценти од резидентното население, скоро 30 проценти се самци - Резултат од Попис 2021 - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/30/22 2:31 PM

Во брачна задница живее 65,3 проценти од резидентното население, скоро 30 проценти се самци – Резултат од Попис 2021

Според Пописот 2021, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според брачниот статус, 23.8 % се неженети/немажени, 65.3% се мажени/женети, 7.2% се вдовци/вдовици и 1.6% се разведени. Регистрирани се и три случаи на вдовци/вдовици и 13 случаи на рзведени во возрасната група од 15 -19 години.

Во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, 98.4% живеат во брачна заедница, а 1.6% во вонбрачна заедница, се наведува во новиот сет пописни податоци што ги објави денеска ДЗС, а се однесуваат на брачниот статус на населението, бројот на живородени деца и миграциите внатре во државата.

Од вкупното резидентно население, 81.1% изјавиле дека не се селеле (автохтоно население), а 11,7% дека се доселиле во местото на вообичаено живеење.

Според местото на раѓање, 90% од вкупното резидентно население се родени во Република Северна Македонија.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7