(Видео) Баксуз крадци! Ограбиле бензинска, бегајќи пропаднале во канал, па пропаднале во дупка
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/30/22 10:42 AM

(Видео) Баксуз крадци! Ограбиле бензинска, бегајќи пропаднале во канал, па пропаднале во дупка

Надзорна камера на бензинска пумпа во југоисточната бразилска држава Сао Паоло го снимила моментот кога пар крадци пропаднале во каналот на механичарот.

Во понеделникот, осомничените стигнале до бензинската пумпа во Аламбара да наточат бензин и ја ограбиле бензинската пумпа, јавуваат локалните медиуми.
На снимката од надзорната камера се гледа како еден од крадците зема пари од касата и ги става во торба.


Крадците потоа се качуваат на моторот и почнуваат да бегаат, за потоа да бидат „каналирани“ во дупката за промена на маслото во автомобилот.

Двојката некако успеала да го извади мотоциклот од каналот, но потоа наишле на  друг канал покрај патот и паднале во него. Полицијата потоа ги уапсила.

Извор: Курир.рс
Фото: принтскрин Твитер


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7