На туѓата несреќа ја изградија својата среќа: Никогаш не ги стигнаа клетвите од жените на кои им ги „украдоа“ мажите - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/29/22 8:00 PM

На туѓата несреќа ја изградија својата среќа: Никогаш не ги стигнаа клетвите од жените на кои им ги „украдоа“ мажите

Знаете како велат дека кармата ќе ги стигне луѓето кога-тогаш?

Сепак, има жени кои се избориле за љубовта така што прво им биле љубовници на своите партнери. Ова е приказна за пет жени кои успешно ја изградиле својата среќа на туѓата несреќа:

Жизел Бундшен

Том Брејди почна врска со актерката Бриџит Мојнахан во 2004-та година, а раскинаа две години подоцна, додека таа беше бремена. Потоа се дозна дека Том бил во врска со супермоделот Жизел Бундшен.

„Поминувањето низ тој трауматичен период кога бев бремена и со скршено срце, ми го сврте животот наопаку“, изјави еднаш Бриџит. Том и Жизел пак, се венчаа, основаа семејство и ја преплавија јавноста со приказните за нивниот среќен живот. Сепак, Том со својата поранешна девојка го дели старателството над синот Џек.

Алиша Кис

Раперот и продуцент, Швиз Битс и неговата сопруга го прославија првиот роденден на нивниот син кога се дозна дека тој неа ја изневерува со Алиша Кис. Швиз и пејачката тврдеа дека нивната врска ја почнале дури кога неговиот брак се распаднал. Сепак, сопругата на раперот, Машонда ја објасни својата страна од приказната.

„Чувствувам дека по година ипол од криењето на оваа афера и однесување како да не постои, сега е време да се соочиш со тоа со оглед на тоа дека и порано отворено пишуваше за тоа. Не знаеш колку болка ми предизвика со таа романса“, и порача таа на Алиша преку социјалните мрежи.

Алиша и понатаму е во врска со раперот, а имаат и две деца.

Џулија Робертс

Актерката, Џулија Робертс и снимателот Даниел Модер важат за еден од најскладните парови, а нивната љубов почна додека беа во брак со други луѓе. Имено, тие се запознале во 2000 година за време на снимањето на филмот The Mexican.

Во тој период, снимателот беше во брак со шминкерката Вера Стајмберг. Џулија пак тогаш беше во врска со својот колега Бенџамин Брат.

Набргу потоа тие ги напуштија своите партнери.

„Веднаш се заљубив во него. Сакав да бидам со него. Не можев да престанам да размислувам за него, знаев дека ќе бидам во проблем“,изјави Џулија своевремено. Тие се во брак од 2002 година и имаат три деца.

Анџелина џоли

Сите веќе сега знаат дека најпознатата љубовница всушност беше Анџелина Џоли. Бре беше во брак цели пет години со Џенифер Анистон кога ја почна својата афера со Џоли и сите знаеја за тоа. Анистон се разведе од Пит во 2005 година, а во 2014 тој се ожени со Анџелина, откако претходно посвои и доби деца со неа. Парот сепак не успеа да ја одржи својата љубов, а приказната за нивниот равод би можела да влезе во историјата како најскапиот развод на познатите.

Камила Паркер

„Во брак бевме тројца“, изјави принцезата Дајана и со тоа ја „лансираше“ Камила Паркер на врвот на „листата“ на најпознати љубовници во светот. Чарлс ја запознал Камила пред да се ожени со Дајана, но аферата со неа ја почнал неколку години откако стапил во брак со Дајана.

Таа и Чарлс се запознаа во 1996, а во 2005-та, Камила се омажи се принцот. Сега таа е кралица сопруга, а за неа како љубовница не смее да се зборува.

 

Извор: stil.kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7