(Видео) Протест пред редакцијата на „Информер“ во Белград поради објавено интервју со сериски силувач - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/28/22 5:49 PM

(Видео) Протест пред редакцијата на „Информер“ во Белград поради објавено интервју со сериски силувач

– Стотици демонстранти, повеќето девојки и жени, се собраа денеска на протест пред редакцијата на провладиниот таблоид „Информер“ во центарот на Белград, барајќи одговорност од сопственикот и од уредникот за објавеното интервју со осудениот сериски силувач.

Учесниците протестираа заради објавеното интервју со Игор Милошевиќ, кому таблоидот му ја посветува насловната страница на која тој се фали дека од својата 14 година досега минал само три месеци на слобода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by n1srbija (@n1srbija)


Милошевиќ неодамна беше ослободен по повеќегодишна затворска казна, а бројни женски и граѓански организации во Србија изразија страв дека тој може да ги повтори делата, укажувајќи на опасноста од негово слободно појавување во јавноста.

„На сериските силувачи не им е место во јавниот простор, медиумите и емисиите, туку во затвор“, беше порачано од протестот.


Новинарските здруженија, бројни опозициски партии и претставници на граѓанското општество во Србија со осудија уредничкиот потег на „Информер“ и неговиот сопственик и главен уредник Драган Ј. Вучичевиќ, предупредувајќи дека со тоа интервју експолицитно е прекршен новинарскиот кодекс и сите морални норми.

На Теразије, во непосредна близина на редакцијата, денеска бил нападнат главниот и одговорен уредник на информирањето Драган Ј. Вучиќевиќ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7