Да направиме ѕвездено небо - Концерт „Со љубов за Тоше“ во Крушево - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/28/22 2:53 PM

Да направиме ѕвездено небо – Концерт „Со љубов за Тоше“ во Крушево

По 15 години од последниот незаборавен концерт на Тоше Проески, Министерството за култура и Спомен куќата на Тоше го продолжуваат неговиот аманет и ветуваат незаборавен концерт на 5-ти октомври.

За прв пат Крушево ќе биде домаќин на сите музички пријатели на Тоше, кои ќе исполнат дел од неговите вонвременски хитови. Ѕвезденото небо за Тоше ќе се случува на платото пред неговата Спомен куќа во Крушево, со почеток во 19 часот, а дел од него ќе бидат следните музички гости: Каролина Гочева, Бени Шаќири, Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Ѓоко Таневски, Мартинијан Кириловски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Влатко Груевски, Омар Џафероски и Билјана Јосифов.

Тие ќе настапат во придружба на Камерен оркестар на Битола, под водство на Владимир Димовски и на Бендот на Тоше.

Од организацијата ги повикуваат сите фанови од Балканот да дојдат и со мобилните телефони да го збогатат ѕвезденото небо за Тоше, да споделат љубов и сеќавања на концертот кој е наречен „Со љубов за Тоше“.

Неговата љубов за сите нас се уште трае и постои во секој негов стих и нота.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7