„Да се прегрнуваме, да плачеме и да се утешиме“ - Три концерти на феноменалната Зарина Првасевда - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/28/22 12:22 PM

„Да се прегрнуваме, да плачеме и да се утешиме“ – Три концерти на феноменалната Зарина Првасевда

Зарина Првасевда,  по фантастичниот распродаден  концерт во Македонската Филхармонија по повод издавањето на нејзиниот прв албум „ЕХО“ ,  објавува уште три нови датуми и градови во кои ќе одржи концерти придружувана од нејзиниот ансамбл.

Приот е во Кочани на осми октомври, во Градски Парк, со почеток во 13 часот, вториот е во Битола на 13 октомври, во Центар за култура, со почеток во 20 часот, додека третито е во Демир Хисар на 14 октомври, во Дом на култура “Илинден”, со почеток во 20 часот.

На овие концерти Зарина Првасевда ќе ги изведува песните од својот – прв официјален студиски албум, насловен „ ЕХО “ , кој го издаде за најголемата и најпродуктивна издавачката куќа на Балканот Croatia Records. Албумот е склоп од 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови аранжмани а отпеан на пет јазика и тоа : македонски, албански, турски, српски и бугарски.

„Оваа т.н “ мини турнеја “ е нешто што со нетрпение го очекував да се случи после оној концерт  во Македонската Филхармонија кога мене лично ми се случи второто раѓање и едно вистинско реобликување за какво што претходно можев само да сонувам. Признавам дека сонував и овојпат…и еве уште еден од соништата станува реалност , само умножен во три нови датуми и три нови градови, сите од нив со посебно значење во моето срце. Вистински е голема радоста и меракот да пеам во родниот град, на моите Демирхисарци , во Битола – мојот втор дом и голема љубов како и во Кочани, градот кој ме освои со  близината која ме дели од најмагичните зајдисонца што некогаш сум ги посведочила, вели Зарина и додава:

– Она што за сигурно го знам е дека ќе имаме можност повторно заедно да ја одживееме магијата и синергијата што ни се случи нам присутните во Македонската Филхармонија , преку фреквенцијата на музиката да се прегрнуваме, да плачеме и да се утешиме,  да и се радуваме , да ја помилуваме одблизу песната на народот , да ја налееме со љубов и одново да и дадеме крила , онака како што таа заслужува за да лета слободна и да патува се до онаму до кадешто некому ќе биде мелем.  Кочани, Битола , Демир Хисар – едвај чекам! ’’ вели Зарина.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7