Марија Спасовска ќе дебитира на „Макфест“ - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/28/22 11:29 AM

Марија Спасовска ќе дебитира на „Макфест“

Повеќето од вас се сеќаваат кога во 2018 година малечката Марија Спасовска ја претставуваше нашата земја на детскиот „Евросонг“, кој тогаш се одржа во Минкс – Белорусија.

Уште тогаш слаткото девојче од Скопје со преубав глас го привлече вниманието на домашната јавност, а многумина уште тогаш и предвидоа блескава музичка кариера.

Полека, но сигурно Марија веќе „запливува“ во сериозните музички води. Ако во 2018 таа беше во категорија јуниори, денеска слободно ќе кажеме дека таа е зрела да се префрли во категорија сениори.

Марија Спасовска оваа година за првпат ќе дебитира на сцената на еден од нашите најстари и најпопуларни фестивали, „Макфест – 2022“ во Штип.

Спасовска заедно со својот тим веќе почнаа да ги прават подготовките за фестивалот, а она што е фасцинантно за некој на нејзина возраст, е тоа што Марија ќе настапи како кантавтор на ова нејзино дебитанско појавување на фестивалот…


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7