Приведена мајка од Скопје, ги принудувала своите малолетни деца да питачат - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/28/22 11:00 AM

Приведена мајка од Скопје, ги принудувала своите малолетни деца да питачат

Деца кои питачат низ улиците на Скопје е скојдневна слика.

Од МВР информираат дека вчера лишиле од слобода жена, за која се сомневаат дека принудувала своите деца на питачење.

-На 27.09.2022 во 17.30 часот на подрачјето на Аеродром-Скопје,  полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ја лишиле од слобода Л.С.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик. Претходно, истиот ден, на крстосницата од бул.„Србија“ со бул.„Јане Сандански“ биле затекнати нејзините две малолетни деца како питачат. Претставници на Центар за социјални работи извршиле службен разговор со малолетниците,  а исто така и со неа бил извршен службен разговор во полициска станица, во кој таа во целост го појасни начинот на извршувањето на делото. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава, информираат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7