(Вознемирувачко видео) Како ги тепаат жените во Иран, светот шокиран од бруталноста на полицијата - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/28/22 8:49 AM

(Вознемирувачко видео) Како ги тепаат жените во Иран, светот шокиран од бруталноста на полицијата

На интернет се шири брутално видео на кое се гледа како жена им приоѓа на полицајците на улица.

Овој чин наиде на остра осуда, а жените кои храбро застануваат против репресивниот режим се поддржани ширум светот.

На снимката се гледа како жена со раширени раце им приоѓа на полицајците, а штом им се приближила, еден од нив почнал да ја удира со палка, додека во позадина се слуша вресок.


Во Иран со денови беснеат протести поради смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше претепана во притвор од иранската полиција за морал, бидејќи не носела хиџаб правилно.

Илјадници луѓе излегоа на улиците на градовите бесни од теророт што го вршат властите, а карактеристика на овие протести е што многу жени излегоа да демонстрираат, палејќи хиџаби, сечејќи ја косата и пркосејќи им на исламистичките правила на ајатола и претседателот.

Извор: Курир.рс

Фото: Принтскрин Твитер


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7