Водител добил отказ бидејќи ја изневерувал сопругата, фатен како се бакнува со продуцентката
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/1/22 9:06 PM

Водител добил отказ бидејќи ја изневерувал сопругата, фатен како се бакнува со продуцентката

Водителот на популарна емисија на Јутјуб доби отказ откако се дозна дека има љубовница.

Нед Фалмер, оженетиот водител на шоуто “The try guys”, призна дека ја изневерил сопругата со продуцентката на серијата.

Нед беше фотографиран во њујоршки клуб како се „бакнува и гушка“ со Александрија Херинг, продуцентката на серијата која е свршена и има шоу на Јутјуб. Скандалот излезе на виделина кога личноста која ги направила ги проследила фотографиите на нејзиниот вереник, кој, пак, ги објавил на Редит.
Нед го немаше во последните три епизоди од шоуто “The try guys”, а сега е објавено дека добил отказ, иако многумина прашуваат – зошто? Романсите на работното место не се ништо необично, а Фалмер не ја користел својата „моќ и влијание“ врз својот вработен, туку тоа било врска помеѓу двајца возрасни кои решиле да се „шврљаат“ на страна.

Посрамениот оженет прељубник се огласи и потврди се, велејќи дека семејството и бракот му се сега приоритети, иако не биле кога се бакнувал со продуцентката.

„Моето семејство секогаш треба да биде на прво место, но изгубив фокус и влегов во вонбрачна афера на работа. Жал ми е за болката што ја предизвикав на екипата на серијата и обожавателите, но најмногу за Ариел. Единственото нешто што ми е важно во моментов се моето семејство и децата и тука ќе го фокусирам целото мое внимание“, напиша Фалмер, кој има две деца со сопругата Ариел.

Извор: мондо.рс

Фото: принтскрин Јутјуб


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7