Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има, вели Николовски
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/27/22 3:51 PM

Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има, вели Николовски

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека леб, брашно, млеко и зејтин ќе има.

-Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има. Обезбедуваме доволно храна за сите граѓани, истакна Николовски на прес-конференција откако претходно информира дека за млекопроизводителите се обезбедени уште 140 милиони денари поддршка, покрај основните и дополнителните субвенции.

Николовски информира и дека на денешната седница која е во тек, Владата ја усвои новата Програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје во 2022 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7