Кај тетовско Желино возило излета во река Вардар, се трага по луѓе
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/27/22 3:42 PM

Кај тетовско Желино возило излета во река Вардар, се трага по луѓе

Тетовската полиција информира дека по излетување на возило во реката Вардар кај Желино почната е потрага по луѓе во водотекот.

Околу 11 часот и 30 минути во СВР Тетово било пријавено дека патничко возило излетало од коловозот на мостот во тетовско Желино, и паднало во водите на реката Вардар.

-Констатирано е дека во реката Вардар е паднато возило „фолксваген голф 4“, со кумановски регистарски ознаки. Во возилото кое е пронајдено и ќе се извлекува од реката, засега не се пронајдени лица. На самото место се јавен обвинител, увидна екипа од СВР Тетово и други полициски службеници, кои ги пребаруваат водите на реката, а повикани ќе бидат и нуркачки екипи од МВР со цел да се пронајде возачот на возилото и евентуално други сопатници. Се расчистува и документира случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Центарот за управување со кризи за истиот случај информираше дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито.

-Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време пропаднало во природен јаз и визуелно не се гледало. Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со нив. Оперативниот центар на ЦУК веднаш оставри комуникација и координација со МВР – СВР Тетово, ТППЕ Тетово, Брза помош Тетово и ДЗС. МВР веднаш испратија нуркачки екипи од специјалната единица и тие се веќе на пат кон с.Желино, додека Дирекцијата за заштита и спасување праќа сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес, велат од ЦУК.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7