Здрава ужина за децата: Македонски јаболка ќе се дистрибуираат во училиштата ширум земјата
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/27/22 3:36 PM

Здрава ужина за децата: Македонски јаболка ќе се дистрибуираат во училиштата ширум земјата

Владата на денешната седница ја усвои Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје во 2022 година. Програмата е нова, се носи првпат и ќе овозможи околу 186 000 ученици во 350 школи за ужина да добиваат домашни, македонски јаболка.

Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за реалзиација на Програмата се проектирани 20 милиони денари, средства кои се веќе обезбедени со ребалансот на Буџетот.

-Со Програмата се овозможува поддршка за откуп, дистрибуција и пакување јаболка од реколтата 2022, а целата откупена количина ќе треба да биде дистрибуирана до општинските и државните училишта најдоцна до 15 декември 2022. Со ова ги помагаме производителите на јаболка, но обезбедуваме и свежа и здрава ужина за нашите деца. Македонски, домашни јаболка за нашите деца, подвлече Николовски.

Министерот претходно кажа дека за млекопроизводителите се обезбедени уште 140 милиони денари преку Интервентниот фонд, покрај основните и дополнителните субвенции. Истакна и дека храна ќе има.

-Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има. Обезбедуваме доволно храна за сите граѓани, рече министерот за земјоделство Николовски.

 

Фото: Илустрација / Freepik


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7