Ангела Агелер е новата амбасадорка на САД во Македонија
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/27/22 3:22 PM

Ангела Агелер е новата амбасадорка на САД во Македонија

Новата амбасадорка на САД во Македонија, Ангела Агелер на церемонија во Стејт департментот положи заклетва, информира американската амбасада.

-Амбасадорот Агелер е дипломат од кариера на Високата служба за надворешни работи, а до неодамна беше заменик-шеф на мисијата во Мисијата на САД во Пакистан, информираат од амбасадата

На Агелер добро и е позната состојбата во Македонија, работела како советник за односи со јавност во амбасадата на САД во Париз, а на истата позиција била и во амбасадата на САД во Скопје  од 2009 до 2011 година.  Била и во Њу Делхи, Ханој и Вашингтон.

Агелер зборува македонски, француски и малку хинди, информираат од амбасадата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7