Ја чисти устата со масло и секој ден пие солена вода: Гвинет Палтроу има 50 години, а поради своите трикови изгледа помладо
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/27/22 8:01 PM

Ја чисти устата со масло и секој ден пие солена вода: Гвинет Палтроу има 50 години, а поради своите трикови изгледа помладо

Актерката Гвинет Палтроу денес го слави педесеттиот роденден.

Според многумина, таа изгледа барем десет години помладо. Негуваната кожа и витката линија, Гвинет и ги должи на рутината за нега на лице и тело, која ја практикува веќе со години. Пред сè, таа никогаш не користи многу шминка на лицето и се труди што помалку да ја третира косата.

„Јас сум вистинско дете во душата. Вообичаено во текот на денот кога немам обврски, не носам никаква шминка, но ако одам на вечера ќе ставам малку маскара и малку руменило на образите. Мојата кога е многу густа така што кога е влажна и ќе се исуши, ја „одвојувам“ дел по дел и ја извртувам за да постигнам брановидни локни, но не и волумен“, изјави таа во една прилика.

Иако експертите за убавина советуваат дека пилинг на лицето треба да се прави два до три пати неделно, Гвинтер практикува пилинг секој ден и вели дека токму во тоа е тајната за изгледотна нејзината кожа. Нејзината секојдневна рутина вклучува и една невообичаена навика, а тоа чистење на устата со масло. Гвинет всушност, си ја чисти устата со органско кокосово масло и смета дека на тој начин ги отстранува бактериите.

Актерката пие и многу вода, и тоа солена вода.

„Пијам многу вода. Истражував за минерализацијата на водата и додавањето хималајска морска сол во неа за да ми помогне при апсорпцијата. Нема баш убав вкус, но навистина прави разлика во однос на нашето здраво“, изјави актерката во една прилика. Таа не ја заобиколува ниту физичката активност, па вежба пет пати неделно.

За мене вежбањето е навистина значаен дел од животот. Павам кардиоваскуларни вежби секојдневно и многу се потам пет дена во неделата. Секогаш размислувам како да ја оптимизирам својата физичка состојба“, изјави актерката која редовно користи сауна бидејќи како што вели, за да сме надворешно убави, важно е и внатрешно да се чувствуваме убаво.

„Исто така мислам дека е многу важно да бидете опкружени со луѓе кои ги сакате и кои ве инспирираат. Тогаш се чувствувате среќно, задоволно и убаво, дури и ако имате брчки“, додаде таа.

 

Извор: lepaisrecna.mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7