Нѐ користат како „мулиња“, реагираат возачите на такси компанијата „Убер“
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/27/22 2:09 PM

Нѐ користат како „мулиња“, реагираат возачите на такси компанијата „Убер“

Возачите на превозната служба „Убер конект“ не секогаш знаат што има во пакетите со сомнителен изглед што луѓето бараат од нив да ги достават до одредена адреса.

„Ен-би-си њуз“ пренесува сведоштва на неколку возачи од САД и Австралија, кои се сомневаат дека биле искористени како „мулиња“, односно за несвесен превоз на дрога додека работеле за „Убер“.

Тешко е да се одреди дали пакетот содржи дрога или не. Кајл Брок раскажува дека во Меса, Аризона, САД, лани, корисник му нарачал испорака на пакет од еден мотел до друг мотел во еден часот по полноќ.

– Тоа беше само торба за намирници, со најслучајни и најбезвредни работи во неа. Го оставив пакетот со многу страв. Човек со нервозен изглед ја прифати торбата, изјави возачот.

Во јануари, полицијата во Чикаго заплени кутија за фластери со наркотици, откако возач на „Убер“ ѝ кажал на полицијата дека ја отворил и пронашол „кристал-мет“ (метамфетамини). Слично нешто, повторно со возило на „Убер“ се случило и во април годинава.

Самата компанија „Убер“ потврди шест барања за информации од органите за спроведување на законот поврзани со сомнежи за дроги од лани, иако фирмата нема обврска да провери дали услугите била користени за превоз на наркотици.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7