(Видео) Километарски колони на граница - Илјадници Руси бегаат во Монголија
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/27/22 2:05 PM

(Видео) Километарски колони на граница – Илјадници Руси бегаат во Монголија

Илјадници државјани на Русија со часови чекаат да влезат во Монголија во обид да ја избегнат мобилизацијата.

Според очевидци, Русите чекаат повеќе од 16 часа за да влезат во Монголија. Поединци тврдат оти тоа им е „единствен избор“, откако рускиот претседател Владимир Путин најави „делумна мобилизација“ на 300.000 резервисти.


Монголија, што речиси целосно е зависна од руските нафта и гас, официјално има неутрален став за конфликтот во Украина.

Русија преговара за нов инфраструктурен проект за испорака на гас за Кина преку Монголија. Минатиот месец, монголскиот претседател Укнагин Куреслук во Узбекистан се сретна со претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, за плановите поврзани со гасоводот, чија изградба ќе започне во рок од две години.
МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7