„Тоа треба да се забрани“ - Исповед на порно актерка, во екот на слава решила да се пензионира - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/27/22 10:00 PM

„Тоа треба да се забрани“ – Исповед на порно актерка, во екот на слава решила да се пензионира

Актерката од филмови за возрасни, Лана Роудс сега е во пензија и признава дека не сака секс. Таа на почетокот воопшто не сфаќала дека овде нема глума, туку дека мора да биде интимна со другите актери.

Лана Роудс е многу популарна актерка од филмови за возрасни, меѓутоа нејзините ставови ги шокираат луѓето. Лана сега е пензионирана порно актерка, па одлучи да ги сподели своите ставови за порно индустријата:

„Јас дури и не сакам секс. Искрено, јас сум прилично асексуална.  Никогаш сама не би почнала со акција, отсекогаш сум била таква“, признава Лана говорејќи во еден подкаст. Оваа ѕвезда смета дека порнографијата би требало да биде забранета.

„Сметам дека не е добра за никого, би требало да биде илегална“, наведува таа. На Лана не ѝ е јасно како и понатаму е толку популарна во светот на порно индустријата.

„Мислам дека и понатаму сум број еден. Лудо е да донесеш таква одлука кога имаш само 19 години и да одлучиш да станеш најголемата светска ѕвезда“, вели таа додавајќи дека претходно немала никакви намери да се занимава со тоа. Освен тоа, пред да стане дел од ваквата индустрија, таа била интина само со една личност, па била многу неискусна во сексуална смисла. Во пензија отишла пред осум месеци кога родила син.

„Никогаш не сфатив дека во порно филмовите навистина мора да имате секс со луѓето. Не бев доволно зрела за да сфатам што е тоа всушност и многу, многу брзо сфатив дека тоа не е за мене“, признава таа.

„Во суштина, мора да имаш секс со луѓе кои не ги посакуваш, кои можеби не ги сметаш за привлечни, но мора да бидете интимни бидејќи тоа ви е работа“, детално појаснува таа.

Денес пензионираната порно актерка се занимава со изработка и продажба на долна облека, како и со воспитувањето на својот син, но вели дека не е подготвена да го открие мистериозниот маж со кој има дете.

 

Извор: stil.kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7