Знам како ви е и јас ја изгубив мојата кралица, им порача Канје Вест на Британците
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/27/22 9:01 AM

Знам како ви е и јас ја изгубив мојата кралица, им порача Канје Вест на Британците

Раперот Канје Вест се огласи на Инстаграм и ја спомна смртта на кралицата Елизабета Втора на малку бизарен начин.

Додека Обединетото Кралство тагува за смртта на својот монарх, Канје се чини дека тоа го споредува со неговиот развод од Ким Кардашијан.

„Лондоне, знам како се чувствуваш и јас ја изгубив мојата кралица“, напиша раперот на својот Инстаграм стори.

Тој не потврди дека зборува за Ким Кардашијан, но се претпоставува дека е. Ким и Канје го потврдија разводот во февруари 2021 година, а оттогаш раперот имаше неколку испади на социјалните мрежи.

По разводот, додека Ким беше со Пит Дејвидсон, Канје го нападна преку интернет. Тој и по нивното раскинување се огласи со бизарна објава во која на насловната страница на Њујорк Тајмс ја вметна веста дека „Скејт Дејвидсон почина на 28 години“.

Странските медиуми пишуваа дека Пит Дејвидсон наводно завршил на терапија токму поради бројните напади на Канје врз него.

„Негативноста и лудорите на Канје беа поттик за Пит и тој мораше да побара психолошка помош“, изјави извор за магазинот Пипл.

ИЗвор: Индекс.хр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7