Чорапи кои го кријат целулитот - Брена го лансираше новиот бизнис
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/26/22 8:58 PM

Чорапи кои го кријат целулитот – Брена го лансираше новиот бизнис

Пејачката Лепа Брена ја лансираше својата колекција чорапи за кои истакна дека го кријат целулитот и нозете изгледаат совршено во нив.

Како што додала, свесна за сите догми кај нас кога се во прашање жените, сакала да се престане со лошите коментари и да ја подигне женската самодоверба.

„Кај нас има голем масовен напад врз жените кои имаат целулит, после 50тата година веќе ги нарекуваат со разни имиња. Сакав да им ставам крај на овие угнетувања и да создадам чорапи во кои можете да носите мини здолништа,  нозете да изгледаат совршено, без целулит, да ги покриваат лузните и вените и да не ги болат нозете по долго стоење“, откри Брена и додаде:
“Знаете дека пеам и танцувам на високи потпетици веќе 40 години и дека тоа е напорна работа. Една година ги носам моите специјални чорапи. Во нив можете да се чувствувате удобно и слободно. Тоа се чорапи кои имаат посебна хијалуронска киселина вткаена во нишките како и наночестички златен прав, што дава дополнителна можност за удобност“.

Многумина се интересираа и за цената на чорапите.

„За Балканот е невозможна цената која Европа, која ја предложија Италијанците дека чорапите треба да чинат 100 евра. Ќе биде од 20 до 30 евра максимум. Јас би сакала производот да се купува масовно, отколку да можам да го купат ретки. Нашите чорапи се за секоја жена, за собарки, готвачки, стјуардеси, пејачки, балерини… За сите жени кои имаат проблем да стојат на нозе, овие чорапи се идеална приказна“, рекла Брена.

Извор: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7