Путин му даде руско државјанство на Сноуден
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/26/22 6:52 PM

Путин му даде руско државјанство на Сноуден

Рускиот претседател Владимир Путин му даде руско државјанство на Едвард Сноуден, јавија дел од светските медиуми.

Свиркачот е познат по објавувањето строго доверливи податоци од американската Национална безбедносна агенција во 2013 година, кога беше вработен таму.

Властите со години сакаа Сноуден да се врати во САД со цел да се соочи со судење за обвиненијата за шпионажа.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7