На мажите им е забранет влез, клубови за жени за опуштање - Не мора да си геј, важно е да уживаш
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/26/22 9:00 PM

На мажите им е забранет влез, клубови за жени за опуштање – Не мора да си геј, важно е да уживаш

Еротските клубови во кои жените смеат да прават се, а мажите не смеат да влезат станаа тема на разговор.
Сите веќе добро знаеме за стриптиз клубовите како место за забава на мажите. Иако на жените не им е забранет влезот во нив, овој тип на локали отсекогаш се сметал за резервиран исклучиво за забава на посилниот пол. Затоа жените решија да создадат клуб за себе каде што ќе можат да ги исполнат своите фантазии без никакви ограничувања и осудувања.

Така, во 2014 година беше отворен првиот клуб за дами наречен „Скирт клуб“. Првично постоел само во Лондон, а потоа низ европските метрополи, како и во големите градови во САД. Женивиев Лежун, маркетинг директорката на тој клуб, откри какво е местото навистина и што можат да очекуваат дамите при влегувањето во тој, може да се каже, фантастичен свет.
– Овој тип на клуб е наменет за жени со различни нивоа на искуство во истополовата сексуалност – од љубопитни до бисексуални и лезбејки. Нашите светски познати забави носат гламур. Тие се место за разиграност и задоволство, флертување и исполнување на желбите – изјави Женевиев, а потоа продолжи:

– Знаеме дека довербата во спалната соба води до доверба во салата за состаноци. Нашата цел е да негуваме простори каде жените се чувствуваат слободни да го изразат своето вистинско автентично јас, без осудување. Сексуалното зајакнување не е моќ да се возбуди дечко. Се работи за тоа да го правиш она што те возбудува – откри познатата мадам.

Некои критичари тврдат дека „Скирт клуб“ не е ништо повеќе од место за игри и сексуални експерименти за хетеросексуалните жени на кои им е здодевно со нивниот живот. Сепак, основачот на клубот вели дека нејзината мисија е да изгради ексклузивна, целосно женска заедница за сексуално зајакнување. На нивните забави, жените уживаат во бесплатен шампањ или коктели, секси бурлески изведби и ризични игри пред вистинската забава да започне околу полноќ. Интимните односи меѓу посетителите тогаш не само што се посакувани, туку и охрабрени.
Сепак, постојат одредени правила за влез во клубот. Приклучувањето е бесплатно, но сите апликанти мора да бидат лично препорачани од постоечки член и, веројатно уште поважно, потенцијалните женски посетители мора да бидат исклучително жешки.

Извор и фото: srecna.republika.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7