Ритуали кои може да ги практикувате оваа есен: Со нив ќе бидете поблагодарни - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/2/22 8:09 PM

Ритуали кои може да ги практикувате оваа есен: Со нив ќе бидете поблагодарни

Во продолжение ви пренесуваме ритуали кои придонесуваат за рамнотежа и благодарност.

Есента официјално пристигна, па практикувајќи одредени ритуали при преминот од лето во есен, може  да се чувствуваме присутни и благодарни за тоа што го имаме.

Во следните неколку дена одвојте малку време за практикување на ритуали кои ќе ја одбележат промената од лето во есен во вашиот живот.

Одвојте време за рамнотежа и размислување

Седнете тивко и размислете за тоа што во моментов може да биде рамнотежа во вашиот живот и посветете се на на тие промени во начинот на живот. Може да ви помогне своите мисли да ги запишете во дневник и да ги заклучите со креирање на три малаи акциски чекори.

Направете есенска гозба

Моментално сезонското овошје е многу достапно. Наместо да тагувате поради недостатокот од летно овошје, „славете“ ги тиквите и зеленчуците кои го исполнуваат овој наш простор. Испробајте нови рецепти и подгответе си гозба.

Шетајте низ природа

Излезете надвор и набљудувајте како се движат дрвјата, како мирисот на воздухот има добиено нова нота, а светлината се развила. Размислете за фотографирање на нештата кои ги гледате секојдневно. Направете повеќе фотографии за да можете да ги споредите и да ја набљудувате силата на сезонските промени.

Внесете ја надворешноста внатре

Додека резбањето на тиквите за Ноќта на вештерките мкоже да ви изгледа како детска активност, постои нешто во внесувањето на вкусот на сезоната во вашиот дом. Секогаш е корисно да се има мал сезонски потсетник кој ќе ви овозможи да се чувствувате благодарно и славенички. Полн сад со свежи јаболка, расфрлани желади или неколку паднати лисја можат да ви помогнат да се поврзете со природата и со поминувањето на годишните времиња.

Читајте на глас

Добар начин да го поминете времето рационално е да се соберете околу книгите и да читате на глас. Оваа изгубена уметност во ова време се враќа. Со неа користиме различни делови на мозокот за читање на глас, а други за визуелизација на приказната. Тие ја зголемуваат кративноста и го поддржуваат менталниот фокус.

 

Извор: sensa.story.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7