„Морав да бакнам многу жаби пред да го најдам принцот“ - Никогаш не демантираше дека дечко и го изневерила со 20 мажи
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/26/22 7:00 PM

„Морав да бакнам многу жаби пред да го најдам принцот“ – Никогаш не демантираше дека дечко и го изневерила со 20 мажи

Рита Ора и режисерот Таики Ваитити го кажаа судбоносното „да“, и таа никогаш не била посреќна. Покрај тоа што со режисерот најде мирно љубовно пристаниште, и нејзината кариера цвета, но додека не го запознала Таики, медиумските написи беа полни со вести за нејзиниот не толку за пофалба љубовен живот.

Рита во минатото често менувала дечковци, а нејзините романси не траеле подолго од една година. Меѓу нејзините неуспешни романси се оние со Келвин Харис и Луис Хамилтон, а таа неколку пати неуспешно ја обновуваше романсата со Келвин.

Рита има репутација на жена која сака да флертува, дури и со зафатени мажи, а сите сè уште се сеќаваат кога беше „распната“ поради дружење со зафатениот ММА борец Конор Мекгрегор, со кој подоцна продолжи да се забавува во еден ноќен клуб, додека неговата сопруга не била била блиску.
Исто така, неодамна се зборуваше дека и Никол Кидман и е љубоморна поради нејзиниот сопруг Кит Урбан и нивната соработка во шоуто “The Voice Australia”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RITA ORA (@ritaora)


Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините две врски. Една од најпознатите врски на Рита секако беше онаа со Роб Кардашијан. Рита и братот на популарните Кардашијан имаа гадно раскинување.
Роб јавно кажа дека Рита го изневерувала со повеќе од 20 мажи и дека тоа им ставило крај на љубовта по само неколку месеци.

Пејачката го прокоментирала ова, велејќи дека никогаш немале ексклузивна врска и дека го оставила. На Роб му било потешко да го поднесе прекинот и утеха барал во храната. Достигнал тежина од 135 килограми и избегнувал секакви јавни настапи.

Друга нејзина врска која привлече внимание беше онаа со раперот Асап Роки, вистинско име Раким Накаче Мајерс, кој ја шокираше јавноста во 2015 година кога брутално ја навреди Рита, со која тогаш ја изневеруваше својата девојка, во неговата песна “Better Things”.
Рита и Таикиа се во врска година и пол, а заедно дебитираа на црвениот тепих на премиерата на “The Suicide Squad” во Лос Анџелес во август 2021 година. Таа наводно веќе го сменила презимето и сега ќе биде позната како г-ѓа Ваитити- Ора. Наместо да оди на луксузен меден месец, Рита веќе се вратила на работа и времето го поминува во музичко студио.
“Тоа беше навистина интимна церемонија и супер посебно за сите кои беа таму. Нивните најблиски можат да видат колку се заљубени”, рекол изворот.

“Многу сум среќна и заљубена. Отсекогаш ги сакав мојата бајка и мојот принц. Морав да бакнувам многу жаби пред конечно да го најдам”, изјави неодамна Рита Ора, додавајќи дека кога станува збор за бракот, нејзини идоли се нејзините родители, од чие венчавање поминале 30 години.

Извор: Курир.рс

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7